Тестенините Глорија голем извор на енергија, збогатени со железо и Б витамин, и со низок гликемиски индекс.

75 ГОДИНИ НА ВАШАТА ТРПЕЗА

Почетоците на тестенини Глорија почнуваат од 1938 година со индустрискиот развој на старо Скопје. Oсновен производ на фабриката Глорија биле стандардните макарони, чиј вкус уште во тоа време претставувал единствен избор на тестенини.

Глорија денес го носи вкусот на традицијата со подобрен квалитет, со модернизирано производство, со зголемена палета на производи, со подобрена амбалажа и е поблиску до своите потрошувачи со својата присутност во сите мали и големи маркети низ државата.

Се стремиме кон подобрување на квалитетот и создавање на нутриционистички избалансирани производи за подобро здравје, и за таа цел сме постојано во тек со најновите светски тенденции за производството на тестенините.

Тестенините Глорија се произведуваат од високо-квалитетна наменска тврда пченица, која во сопствен погон се преработува на специфичен начин.

ВКУСОТ НА ТРАДИЦИЈАТА